Скопската полиција вчера го уапсила Б.И. од Скопје, затоа што предизвикал пожар во неговата куќа на ул.„Индира Ганди“, во Општина Шуто Оризари, која целосно изгорела.
Од пожарот делумно бил зафатен и дел од куќа и дуќан, сопственост на Р.М. од Скопје. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Скопје.