На социјалните мрежи се појави ново застрашувачко видео направено од палестинската екстремистичка организација Хамас.
Насловот на клипот е на арапски и на хебрејски – „Што те чека кога ќе влезеш во Газа“.
Видеото е објавено на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) на сметката „OSINTdefender“, која ги следи воените настани ширум светот.
Се вели дека ова е „јасна закана за израелските одбранбени сили (IDF)“, што е официјалното име на војската на земјата.
Израелските трупи продолжуваат да се собираат во голем број во близина на Појасот Газа пред очекуваната копнена офанзива насочена кон екстремистите на Хамас.