Во Саудиска Арабија фудбалските ѕвезди добиваат стотици милиони евра, додека во Европа милиони се издвојуваат и за децата.
Манчестер Сити, актуелниот европски шампион, потпиша договор со Тајрис Нобиси, момче кое има само 14 години.
За неговото доаѓање од Лестер, Сити одвои 1,2 милиони евра, што очигледно е аквизиција за иднината на тимот од Манчестер.
Нобиси е роден во Ливингстон, а интересно е што може да избере за која земја ќе игра. Во оптек се Шкотска, Англија, Камерун и Франција.