Сите се собраа во велелепната вила, Цеца насмеана, Вељко горд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Семејството на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера организираше прослава по повод  четвртиот роденден на малиот Жељко, син на Вељко и Богдана Ражнатовиќ.

Мама Богдана и тато Вељко Ражнатовиќ направија вистинска забава за своето првородено дете во дворот на величествениот дом во Тител каде што живеат со години.

Заедно со другарчињата на Жељко, на прославата дошле и многу пријатели на семејството.

 

Роденденската торта направена по желба на Жељко, комбинирала херои од неговите омилени цртани филмови „Paw Patrol“ (Патролни шепи) и диносауруси, додека балоните биле во соодветни бои.

Пресреќниот славеник Жељко ја дувнал свеќата на тортата, а атмосферата дополнително била комплетирана со прскалки.

Меѓу гостите биле и сите пријатели на синот, како и бројни пријатели на семејството Ражнатовиќ, меѓу кои Бојана и Мирко Шијан, како и Анастасија Гудељ и Цеца.

- Advertisement -
Ad image

– Среќен роденден синко – му честитал Вељко на првороденото.

Share This Article