More

    СИНОТ НА ЦЕЦА ЌЕ СТАНЕ ТАТКО ПО ТРЕТПАТ

    spot_img

    Синот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко го чека третото дете. Сопругата на боксерот, Богдана Ражнатовиќ повторно е бремена, а како што се наведува, повторно ќе роди машко дете.

    „Слава на Бога! Ти благодарам Господи за сè што ми даде како грешник. Слава на таткото и синот и Светиот Дух! Богдана, кралице на мојот живот! Доаѓа уште едно бебе“,  напиша одушевениот тато.

     

    Вељко и Богдана се венчаа во 2019 година, а по тој повод организираа гала прослава за која се зборуваше со месеци. Набрзо го добија својот прв син, кого го крстија по покојниот татко на Вељко, Жељко, а потоа уште еден, кого го нарекоа Крстан.

    „Крстан е особено старо српско име. Уникатно е, не е често име, што секако е уште подобро за нас“, рекол тогаш Вељко.

     

    Богдана во април годинава го роди вториот син, а сега, само седум месеци подоцна нејзиниот сопруг објави дека нивното семејство наскоро ќе се прошири. Најстариот наследник Жељко има две и пол години.

    Вељко ужива со сопругата Богдан и синовите во Тител, каде што изградија и семеен дом.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img