More

    Собранието во рамки на 131. седница вечерва со 83 гласа „за“ и двајца „против“ го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат

    spot_img

    Собранието во рамки на 131. седница вечерва со 83 гласа „за“ и двајца „против“ го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат. Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот.

    За новиот Деловник гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, пратениците на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ, на АА и сите други, освен двајцата пратеници на Левица.
    Денешната седницата беше три пати прекинувана, а пратениците од Левица бараа таа да биде прекината и предизвикаа инцидент со расфрлување на листовите од нивните амандмани, а пратеникот Борислав Крмов искрши дел од инвентарот од претседавачката маса – компјутер, телефон и слично. Пратениците од Левица имаа поднесено над 2.000 амандмани, а претседателот на Собранието и предлагач на Деловникот рече дека прифатливи се само 12 додека за другите кажа дека се неосновани.

    Инцидентот што го предизвикаа пратениците на Левица се случи на првото продолжение на седницата, а нивното негодување и противење на одлуките на Џафери и Собранието продолжи и на следните заседанија.

    Претседателот на Собранието Џафери поради штетата што настана при денешниот инцидент рече дека следното продолжение на 131. седница ќе се одржи во салата со Купола, како и сите останати до санирање на штетата.

    претходниот член,
    Следната статија
    Бидејќи имаше забелешка дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни, пратеникот Димитар Апасиев го соблече чевелот и со него „удираше“ печат врз амандманите и му ги доставуваше на спикерот Мисовски. Ова се случуваше после втората пауза дадена во Собрание поради инцидентите во кои пратениците на Левица, ревлтирани од неприфаќањето на амандманите за измени на Деловникот, кршеа монитори и фрлаа хартија, по што процедурално се јави Димитар Апасиев. – Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и зведени, а тие се фрлени од сатрапот Талат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувстрвувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман. Сакате со спајалици или без спајалици? Еве ви го четвртиот и еве го петтиот архивиран. Вака кога ќе дојдете вие, сами ќе си ги фрлате амандманите во една корпа зелена оти вие сте зелени – рече Апасиев од говорницата. Лидерот на Левица додаде: „Филибастер нема да видите, сакате да ви ги прочитам, уште колку време имам? Еве го Жан Моне процесот, одличен е, по сите шверцерски стандарди на ДУИ, а вие како слуга на ДУИ супер ја извршивте улогата потпретседателе Мисовски. Многу да не ви давам или да намалам, еве го уште еден, доста ви е засега“. Амандманите не му беа прифатени на пратеникот Апасиев од страна на предлагачот на измените во Деловникот, Талат Џафери. Апасиев со едноминутно молчење и оддаде почит на загубената парламентарна демократија. Можеби ќе ве интересира „ДЕЦАТА ГО ПРЕЗЕМААТ СОБРАНИЕТО“ Џафери жали што како… МИА 20/11/2023 📽 ЛЕВИЦА ПАК ДЕМОЛИРАШЕ ВО СОБРАНИЕТО Џафери спречи физичка… Плусинфо 20/11/2023 Потоа пратеникот од Левица Борислав Крмов како подносител на еден од амандманите уште еднаш излезе на говорницата и побара од спикерот Мисовски да ја прекине седницата. – Прекинете ја седницата потпретседателе. Целата јавност го гледа ова. Не знаме ни по кој амандман говориме. Пратениците гласаат блако на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со СДСМ и ДУИ, ќе им речете не гласајте, тие не гласаат – рече Крмов. Откако му истече времето, тој повторно се качи на пултот каде што седи спикерот Мисовски, му ја одзеде картичката да може да говори и му истури кутија полна со амандмани. Потоа во разговорот се приклучи и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а по неколку минути Мисовски потворно даде пауза од 30 минути.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img