More

    Синди Крафорд наполни 58 години

    spot_img

    Една од најубавите жени на светот го прославила својот 58. роденден, а по тој повод објавила серија фотографии на својот „Instagram“ профил.

    Синди Крафорд споделила две фотографии и едно видео на „Instagram“ за да ги одбележи етапите од својот живот. Како прва, објавила црно-бела фотографија од детството, а потоа и фотографија од 190-тите кога на тортата „Vogue“ дувала свеќички за 21-от роденден.

     

     

    Објавата ја завршила со видео на кое се гледа како го прославила 58-от роденден. Дури и пред повеќе од 20 години, Крафорд ги красела насловните страници на бројни модни списанија и чекорела по модните писти на реномирани дизајнери ширум светот, а нејзината улога во светот на модата и убавината ја надминала индустријата, па неодамна блеснала и на насловната страница на британскиот „Vogue“ заедно со бројни истакнати дами.

     

     

    За својата роденденска објава заблескала во светлосина кошула, а нејзиното лице скоро и да немало шминка.

    „Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички – благодарам за сета љубов“, напишала таа во описот.

    „Среќен роденден, моја секогаш доверлива пријателке“, меѓу останатите напишала славната манекенка Кристи Тарлингтон која минатата година се појавила и на СФФ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img