Филхармонија е исполнета со луѓе, каде денеска од Државниот завод за статистика (ДЗС) треба да ги соопштат конечните резултати од пописот.
Очигледно дека е голем е интересот од јавноста за овој настан, а присутно е и строго обезбедување внатре и надвор од објектот. Се вршат претреси на секој што сака да влезе.
Резултатите од пописот ќе се соопштат пред премиерот Димитар Ковачевски, а во салата е и вицепремиерот Артан Груби, како и повеќе министри од владата, но и бројни претставници на дипломатскиот кор.
– Направивме чудо достојно за почит. Направивме херојско дело, оти по 20 години имаме ажурирани податоци. Резултатите ќе бидат подготвени за корисниците како збирни податоци, а потпишаните лица нема да можат да бидат идентификувани – изјави Апостол Симовски, директорот на ДЗС, кој во оваа прилика додели благодарци до луѓето кои го реализираа и помогнаа организирањето на пописот.