More

    Силно невреме, проследено со ветер, дожд, град и кратки атмосферски електрични празнења го зафати доцна попладнево подрачјето на Кочани и Виница

    spot_img

    Силно невреме, проследено со ветер, дожд, град и кратки атмосферски електрични празнења го зафати доцна попладнево подрачјето на Кочани и Виница.

    Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури.

    По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани.

    – Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани екипи со две возила. Констатиранио е дека силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета – истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

    Попладнево пожарникарите успешно интервенирале и на гаснење пожар што се проширил од кочанската комунална депонија кај селото Бели, која чади неколку денови, при што огнот зафатил сува трева и нискостеблести растенија во околината на оваа локација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img