More

    Силјановска Давкова тврди дека има решение за продолжување на преговорите со ЕУ

    spot_img

    За Преговарачката рамка за продолжување на преговорите со ЕУ може да се најде решение, вели кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова во интервју за МИА. 

    Силјановска потенцира дека е за влез во Европката Унија, но дека „може да се договориме“ бидејќи за тоа има многу варијанти.

    – Значи, сакам да кажам, се разбира дека сум за ЕУ, но не гледам јас фаталистички на ЕУ за да се плашам да кажам дека ако предавам уставно право како да им кажам на студентите дека темелните вредности и принципи заштитени што ви се пред суд не важат за некој непослушен од вашата фамилија, ама и вие велите не важат за земјите кои се кандидати да бидат почитувани. Тогаш тоа не е во ред. ЕУ треба да биде заедница на принципи, не е на бирократски машинерии – вели Силјановска Давкова.

    Како може да не почитувате пресуди на суд, а имате судија во судот и вие им судите на другите? Па тоа не е европски, додава професорката.

    – Мислам дека може да се најде решение, како што на Србија ѝ велат дека ќе се смени, па им ги сменија со методологиите и преговарачките рамки. Ама сега има нова промена велат во однос на односите со Косово – вели Силјановска Давкова.

    На прашањето дали промените што би можеле да се случат на изборите за Европскиот парламент, но и кај нас може да придонесат за еветуална промена на Преговарачката рамка и целиот тој процес за преговори за поглавјата, Силјановска Давкова посочува дека Преговарачката рамка не е Библија, Куран или Талмуд.

    – Не зборуваме за Библија или за Куран, не зборуваме за Талмут, за Тора. Не! Зборуваме за Преговарачка рамка. Значи, ако во преговарачката рамка напишале дека влегува и Договорот за пријателство и добрососедство и во тој Договор за пријателство и добрососедство има Преамбула во која се вели дека Бугарија се обврзува дека ќе ја помага Македонија на патот кон ЕУ, ако е вето помош, тогаш јас имам проблем со познавањето на европското право – вели професорката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img