More

    Миљана Кемановиќ сакала да подигне голема сума на пари

    spot_img

    Миљана Кецмановиќ, мајката на момчето убиец Коста Кечќцмановиќ, сака по секоја цена да земе пари од сметката на сопругот и да ја префрли ќерката во странство, дознава српска Република.

    Без оглед на тоа што и е забрането да располага со својот имот, таа бара начини да управува со парите на сопругот и да земе пари од сметката за да ја обезбеди иднината на ќерка си надвор од границите на Србија.

    Мајката на Коста има план да добие согласност од нејзиниот сопруг Владимир Кецмановиќ, кој е во притвор во Централниот затвор во Белград, односно негово овластување со кое ќе може да подига пари од неговата банкарска сметка. За тоа, Миљана отишла кај неколку нотари во околината на улицата Бачванска за да се договори нотарот да оди кај Владимир, кој според законот мора да ја потпише согласноста на сопругата да управува со неговиот имот. Притоа, замислила дека Владимир преку нотар ќе даде согласност нивната малолетна ќерка, која е три години помлада од синот, да ја напушти државата во придружба на вујкото на девојчето, т.е. братот на Миљана. Идејата е да се спаси девојчето и да ѝ се обезбеди удобен живот во странство без разлика што нејзиниот брат уби девет деца и училишниот чувар.
    Бидејќи не успеала да убеди ниту еден нотар, Миљана збеснала и почнала да вика, како и грубо да се однесува кон нотарите и другите вработени во канцелариите каде што одела. Нотарите повикале полиција и ја пријавиле Миљана за скандалите со пцовки и закани кон службени лица пред клиенти.

    – Бев на нотар и ја видов Миљана Кецмановиќ како бесно фрла хартии и им се заканува на луѓето во канцеларијата. Ми рекоа дека била многу безобразна и во друга канцеларија на нивна колешка. Барала невозможни работи и сакала да ја потврди согласноста на нејзиниот сопруг само со добивање на неговиот потпис. Слушнав дека рекла дека нотарот може да оди кај сопругот на притвор доколку не верува дека доброволно дал потпис и согласност за тоа што таа го бара – открила за Република Б.Ш, средовечна белграѓанка.

    Инаку, Миљана Кечмановиќ е очајна затоа што не може да располага сметката на сопругот, покрај забраната за продажба или ставање под хипотека на голем број нејзини имоти во Ниш, Параќин и Белград, за кои е утврдено дека се сопственост или во нејзина косопственост.

    На Кецмановиќ ѝ е забрането да го продаде имотот или да го стави под хипотека, за, доколку на најблиските членови на семејството им се досуди паричен надоместок за претрпените душевни болки и страдања во граѓанската постапка, тие суми ќе бидат наплатени од имотот на Кецмановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img