More

    Силјановска Давкова изјави дека доколку стане претседателка ќе ги помилува лицата осудени за упадот во собранието на 27 април 2017.

    spot_img

    Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вчера во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма изјави дека доколку стане претседателка ќе ги помилува лицата осудени за упадот во собранието на 27 април 2017.

    Таа рече дека делото што им било ставено на товар за време на судењето („терористичко загрозување“) не одговарало на степенот на насилството и дека оваа квалификација била одредена од новинар.

    – Тоа се случи за оние кои не сакаа амнестија, сакаат да ја докажат правдата. Ако не завршат постапките во Стразбур и ако сѐ уште се во затвор – да, ќе ги помилувам. Така ќе дојде до помирување – рече кандидатката за претседател.

    Во првиот предмет за упадот во Собранието беа обвинети 33 лица од кои со закон за амнестија беа помилувани 15 лица. За 16 осудени за „тероризам“ судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор. Некои од осудените, со помали казни затвор, излегоа на слобода, но многумина од нив сѐ уште се зад решетки.

    Според штотуку усвоениот закон, претседателот на државата може да помилува осудени лица само ако тие имаат правосилна пресуда, што е случај со осудените за настаните од 27 април.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img