Новата претседателка Гордана Силјановска Давкова од собраниската говорница откри дека по изборот, покрај пораката на Фејсбук телефонски добила честитка и од лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
– Можеби некој ќе ми замери што го споменав господинот Мицкоски, но еве пред мене е и господинот Ковачевски, па сакам и него да го споменам. И тој се одважи да ми се јави, не само на Фејсбук да ми посака добредојде и успешна работа, туку да поразговараме – вели Силјановска Давкова.
Таа додаде: „Кога ве гледам вака, знам дека има шанса за сите нас. Исто како што имаше шанса кога многу пратнеички од СДСМ ми пријдоа да ми честитаат“.
Силјановска Давкова рече дека со нив жените ќе се менуваат и мажите политичари и дека Македонија ќе стане едно пристојно место за соживот на сите.
– Искористете го умот, искористето го и не ги заборавајте. Така мислам дека ќе ги охрабриме и оние надвор, бидејќи покрај жените, мојата болка се и младите. Тие неслучајно се родиле тука и треба да се вратат дома – рече претседателката.