More

    Новата претседателката Гордана Силјановска Давкова даде свечена заклетва во која ја избегна придавката „Северна“ од уставното име на државата

    spot_img

    Во присуство на политичари, лица од општествениот живот, амбасадори и други гости новата претседателката Гордана Силјановска Давкова даде свечена заклетва во која ја избегна придавката „Северна“ од уставното име на државата.

    Седницата за инаугурација ја предводеше претседателот на Собранието Јован Митревски, кој на почетокот ги поздрави присутните гости и ја повика Гордана Силјановска Давкова да ја даде свечената заклетва.

    – Изјавувам дека функцијата Претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно. Ќе ги почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет на Република Македонија – изјави Силјановска Давкова која потоа доби громогласен аплауз од присутните во собраниската сала.

    Новата претседателка се потпиша на свечената заклетва, а спикерот Јован Митрески ѝ го честиташе преземањето на новата функција и ѝ посака успех во работењето.

    Веднаш потоа Силјановска Давкова беше повикана да се обрати пред присутните во парламентот.

    – Моите зборови се во битка со емоциите. Не можев да замислам дека ваква доверба ќе добијам од над 560.000 граѓани, сè уште не ми се верува. Единствениот човек кој тврдеше дека ќе се случи тоа беше господинот Христијан Мицкоски. Јас му одговарав дека не е можно, ама тој тврдеше дека тој е математичар и дека тоа ќе се случи кога ќе има хармонија меѓу математиката и емоциите – рече Силјановска Давкова.

    Таа во својот говор укажа на големото значење на жените во политиката и дека за сите ќе се грижи за сите еднакво.

    – Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по каква било разлика, рече новата претседателка Силјановска Давкова.

    – Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас – посочи Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.

    – Време е за единство, затоа реков дека ќе им се обратам на жените. Ние умееме да се грижиме за сите останати, не само за себе. Среќна сум што деновиве првите честитки дојдоа од жени. Роденденот нема да верувате, го поминав со амбасадорката на САД. Првите честитки дојдоа од Дорис Пак, од моите колешки од сите континенти и од сите области. Во ова Собрание јас ќе се обидам да укажам дека не мора да дојде до вето. Среќна сум што ќе инспирирам други жени. На Западен Балкан се уште е жив патријархатот, затоа мислам дека силните жени на поинаков начин може да ги решаваат проблемите. Дека сум во право покажува и тоа што оваа држава не ја бранеле само комитите, туку и комитките, и партизанките. Многу храбри и умни жени сум видела во овој Парламент – рече Силјановска Давкова.

    Силјановска Давкова во говорот рече дека многу убаво звучи кога ќе се слушне дека зад многу успешни мажи стојат нивните жени, а па затоа таа му се заблагодари на својот сопруг кој ѝ бил поддршка.

    – Еве јас ја користам приликата да кажам дека зад успешни жени стојат прекрасни мажи, како мојот сопруг. Тој прифати животот да ни биде вистински натпревар, не само со емоции, туку со аргументи и во кариерата – рече новата претседателка.

    Универзитетската професорка Гордана Сиљановска – Давкова е прва жена која е избрана за претседател на државата.

    Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

    Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img