Силен земјотрес ја погоди источна Турција нешто пред 10 часот, а граѓаните известуваат дека земјотресот траел подолго време.
Според информациите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а се случил во близина на градот Баскил.
Земјотресот се случил на длабочина од 9 километри, а податоци за размерите на штетите се уште не се познати.