Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северниот брег на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).
Земјотресот бил на 300 километри источно од градот Ванимо, каде што треба да биде папата Франциско викендов, како дел од големата турнеја низ регионот.
Не е издадено предупредување за цунами и нема информации за евентуална штета.
Земјотресите се вообичаени во Папуа Нова Гвинеја, земја која се наоѓа на огнениот прстен на Пацификот.