Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го погоди денеска мексиканскиот регион Гереро, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Потресите се почувствувани и во главниот град Мексико Сити, изјавија жителите на главниот град за Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.