Сиљановска Давкова предлага да го промениме начинот на однесување со соседите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Се перцепираме како Европјани и оттаму треба да бидеме третирани како Европјани. Третманот го гледам низ призма на ЕУ-логиката, во смисла на владеење на правото, независно судство, стручка администрација, нешто демократска политичка култура. Мораме да тргнеме со сериозни и суштински реформи – друг излез немаме, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на настан, по повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење во Република Северна Македонија.

Одговарајќи на новинарски прашања за нејзината средба со италијанскиот колега во Рим и „барањето гаранции за нашиот пат кон ЕУ“, Сиљановска Давкова изјави дека тоа е формулација која не била прененесена на правилен начин.

– Кога зборував за гаранции со господинот Матарела, мислев на оние кои што посегнуваат по вето. Мислев пред се дека ние ако неколку пати го менувавме Уставот и повторно сме се соочувале со нова промена, крајно време е да знаеме дека ова што ќе се случува од Бугарија, е барање со кое може да се остави простор за вето врзано за Копехашките критериуми, но не и за прашања врзани за идентитет и историја. ЕУ е единство на различности и треба да ги прифаќа идентитетот и интегритетот на сите. Ние во поглед на многу прашања и критериуми, сме биле исклучени. Крајно време е да се стави крај на тоа. Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како сите останати – кажа македонската претседателка.

На континуираните обвинувања и критики од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за непочитување на Преспанскиот договор, Сиљановска Давкова кажа дека „Меѓународниот суд на правдата е механизам што постои и загарантиран денеска за секоја членка на ЕУ“.

– Јас не можам да го спречам. Точно е дека Преспанскиот договор е дел од Преговарачката рамка, но не мислам дека е во духот на развивања на пријателските односи. Можеби е добро да погледнеме врз културната дипломатија. Мислам дека и ние со соседите во пријателски дух да се обидеме на поинаков начин да се однесуваме. Малку да бидеме Скандинавци – изјави претседателката пред новинарите.

Share This Article