Шведската аудио платформата „Спотифај“ (Spotify) објави дека ги зголемува трошоците за своите премиум планови за претплата, што го означува второто зголемување на цените за една година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шведската аудио платформата „Спотифај“  (Spotify) објави дека ги зголемува трошоците за своите премиум планови за претплата, што го означува второто зголемување на цените за една година. Компанијата се оправдува дека ги зголемува цените за да може „да продолжи да инвестира и да ги иновира карактеристиките на нејзините производи“.

Корисниците на „Спотифај“ ќе бидат известени за новата промена на претплатата во текот на следниот месец.

Кога станува збор за цените во Македонија како и во Европа се зголемуваат за едно евро во однос на ланските цени  на претплата кои за индивидуалниот пакет изнесуваа 4,99 евра, за дуо пакетот 6,49 евра и за фамилијарниот пакет  7,99 евра. Студентскиот пакет чинеше 2,99 евра.

Новите месечни цени се објавени на веб-страницата на компанијата. Premium Individual пакетот сега е 5,49 евра, Premium Duo 7,49 евра и Premium Family 8,99 евра, а студентскиот пакет изнесува 2,99 евра. Првиот месец и натаму  е бесплатен.

Гигантот за стриминг музика информира дека за САД  ги прилагодува цените за сите свои премиум планови, при што индивидуалниот план се зголемува за 1 долар месечно на 11,99 долари, дуото за 2 до 16,99 долари, а семејниот план за 3 долари и сега изнесува 19,99 долари. Студентскиот план, кој се нуди со попуст за проверени студенти, останува на 5,99 долари.

Вчера акциите на „Спотифај“ поскапеа за повеќе од 4%. Компанијата неодамна ги зголеми цените на претплатата за меѓународните претплатници, ги намали трошоците и помина низ неколку циклуси на отпуштања, вклучително и драстични намалувања на бизнисот со подкаст.

Share This Article