More

    Израел: Третина од заложниците во Газа загинаа, уште 120 луѓе се во рацете на Хамас

    spot_img

    Израел верува дека една третина од заложниците што останале во Газа загинале, покажаа владините податоци во вторникот, а некои официјални лица веруваат дека бројот е уште поголем.

    Од приближно 250 луѓе киднапирани од Хамас во Израел и одведени во Појасот Газа за време на нападот на 7 октомври, околу 50 беа ослободени во ноември како дел од договорот меѓу двете страни. Израелската армија ослободи некои од нив, а некои најде мртви.

    Владата објави дека 120 луѓе се уште се во рацете на Хамас, од кои 43 биле прогласени за мртви врз основа на различни извори на информации, вклучувајќи разузнавачки информации, снимки од надзор и форензичка анализа.

    Некои официјални лица веруваат дека бројот на загинати е поголем, пренесува Ројтерс.

    На почетокот на израелската офанзива Хамас се закани дека ќе ги убие заложниците како одмазда за израелските воздушни напади, а во меѓувреме милитантната група објави дека некои од нив биле убиени во израелските напади.

    Израел не исклучи дека тоа е можно во поединечни случаи, но најави дека на телата на пронајдените заложници имало знаци на егзекуција.

    Во понеделникот на списокот на убиени беа додадени уште четворица заложници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img