Швајцарците во недела ќе гласаат за две иницијативи поврзани со пензиите и пензионирањето

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Швајцарците во недела ќе гласаат за две иницијативи поврзани со пензиите и пензионирањето. Првата инцијатива е на синдикатите и се однесува на воведување посебен додаток или таканаречена 13 пензија со што се очекува да им се подобри стандардот на пензионерите, а втората иницијатива  е на младите сили на Либералната партија со која се бара зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 65 години во наредните 10 години.

Иницијативата за 13 пензија е на швајцарските синдикати  е наречена „Подобар живот во пензија“, повикува на исплата на 13-та пензија секоја година, како 13-тата плата што ја добиваат многу работници во Швајцарија.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Швајцарци го поддржуваат, иако се чини дека бројот на поддржувачи се намалува и сè уште не е сигурно дека предлогот ќе помине.

Месечните социјални бенефиции во Швајцарија може да изнесуваат до 2.450 швајцарски франци за поединци и 3.675 франци за брачни парови. Тоа можеби изгледа многу, но во земја која постојано е рангирана меѓу најскапите во светот не е така. Киријата за типичен двособен стан во швајцарските градови е најмалку 3.000 франци, а кафето чини повеќе од пет франци.

– Имаме криза на куповната моќ .Животниот стандард на пензионерите опаѓа- изјави шефот на Швајцарската синдикална федерација (СГБ) Пјер-Ив Мајар, кој припаѓа на кампањата „да“.

Левичарските партии ја поддржуваат иницијативата, додека десничарските и центристичките партии жестоко се противат, како и швајцарската влада и парламентот.

Според владата, мерката ќе чини повеќе од 4 милијарди швајцарски франци годишно, а да се соберат  тие пари ќе треба да се зголемат даноците.

За екстремно десничарската Швајцарска народна партија, оваа „неодговорна“ иницијатива ќе им овозможи на паразитите да го искористат системот за социјално осигурување.

Во последното истражување на јавното мислење, спроведено од гфс.берн за јавната телевизија ССР, 53% од испитаниците се изјасниле дека ја поддржуваат иницијативата, а 43% се изјасниле дека се против.

- Advertisement -
Ad image

Во недела, на референдум ќе се одлучува и за повикот на младите на десничарската Либерална партија, кои бараат старосната граница за пензионирање постепено да се зголемува од 65 на 66 години во следните десет години, со цел да се обезбеди целосно финансирање на пензискиот систем.

Гласањето доаѓа за помалку од 2 години откако швајцарските гласачи тесно одлучија да ја зголемат старосната граница за пензионирање за жените од 64 на 65 години, исто како и за мажите.

Последните анкети за оваа иницијатива  покажуваат дека само 35% од испитаниците ја поддржуваат ваквата одлука, а 63% се против.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article