Штрајкувачите од Комунална хигиена не дозволија ноќеска да се собере сметот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тензична ноќ имало  во просториите на Скопска комунална хигиена. Директорката Косана Мазнева викна и полиција за да ги натера работниците кои штрајкуваат да го соберат сметот од  Скопје, објави ТВ 21.

Вработени трет ден одбиваат да работат со образложение дека Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина работници. Мазнева вчера изјави дека оние на кои не им ги продолжува договорите  со години се неработници, а дел од нив и воопшто не доаѓале со години на работа, ангажирани со договор преку партиски врски.

Дел од вработените се солидаризираа со оние на кои им престанаа договорите и ги оневозможуваат и  другите работници да работат. Така било и синоќа кога работниците од трета смена биле спречени да ја завршат работата, по што диркеторката повикала полиција.

Во Скопје сметот не се собира неколку дена.

Градските општини апелираат градот и раководството на Комунална хигиена да изнајдат решение и да го расчистат Скопје од сметот. Вчера со соопштение апелираше општина Центар, а денеска истото го побара и општина Аеродром.

„Обврска и одговорност на секој менаџер, вклучително на директорите на јавните претпријатија и градоначалникот на Град Скопје е да воспостават и одржуваат систем за соодветно менаџирање на ресурсите со кои располагаат и на таков начин да обезбедат квалитетна услуга за граѓаните. Чистотата, јавната хигиена и одржување на здрава животна средина е јавен интерес од кој сите имаме бенефит Делот на хигиената во Скопје кој е во надлежност на градските служби подолг временски период е во лоша состојба, а изминатите неколку денови, за жал градското јавно претпријатие Комунална хигиена не успеа да најде начин како да го менаџира системот на одржување на чистата животна средина. Насекаде гледаме полни контејнери, а сите ние, граѓаните ја трпиме штетата од, неумесното и неодговорно менаџирање со јавното претпријатие“, се наведува во соопштението од општина Аеродром.

Share This Article