More

    Шефот на украинската разузнавачка служба: Украина ќе ги зголеми нападите во Русија, за да се види реалноста на војната

    spot_img

    Шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов се закани дека Украина ќе ги зголеми нападите врз инфраструктурата на руска територија, додавајќи дека е „корисно“ за Русите „конечно да ја видат реалноста на војната“. „Бројот на напади врз Руската инфраструктура веројатно ќе се зголеми. Мислам дека овој план може да ги опфати сите главни критични и воени инфраструктури на Русија“, рече Буданов на Телеграм.

    Тој додаде дека „руското цивилно население конечно треба да ја види реалноста на војната“.

    За населението да види како се палеле магацини со нафта, се уништувале фабрики и објекти… Сето ова е корисно“, рече Буданов.

    Во последните месеци, Киев ги засили нападите врз руските нафтени и гасни постројки, по нападот на Москва врз нејзината енергетска инфраструктура.

    Украина ја презеде одговорноста за неколку напади со беспилотни летала врз објекти во областа Ленинград, околу Санкт Петербург.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img