Речиси сите медицински експерти препорачуваат да го започнете денот со едноставно, но ефективно дејство. Според лекарите, важно е да се испие чаша вода веднаш по будењето.
Имено, оваа утринска навика е исклучително важна за здравјето, бидејќи за време на спиењето телото ја губи влагата преку потење и дишење, а водата ќе помогне да се компензира потребната течност, која е важна за нормално функционирање на сите системи.
Според гастроентеролозите, водата треба да биде млака, а не ладна, пренесува Индекс. Имено, повисоката температура на водата го активира гастроинтестиналниот тракт, односно ги започнува процесите неопходни за квалитетно варење на храната. Особено го релаксира хранопроводникот и желудникот и го стимулира производството на жолчката. Ова штити од проблеми како што се запек и метаболички нарушувања. Од друга страна, студената вода може да предизвика грчеви во органите за варење и да ја забави апсорпцијата на храната.
Како заклучок, навиката да се испие чаша топла вода веднаш по будењето може значително да придонесе за зачувување на здравјето на гастроинтестиналниот тракт и нормален метаболизам.