Бојлерот вклучувајте го само по потреба, користете го сонцето колку може повеќе за затоплување на домот, а гралките користете ги разумно. Ова се дел од препораките за штедење на енергија од 15 отсто за домаќинствата. Владата ги објави мерките и препораките за штедење на струја.
Препораки за домаќинставата:
- Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.
- Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури
- Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом.
- Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите
- Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите
- Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси
- Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата
- Користете ја машината за миење садови секогаш полна на на ниска тарифа на електрична енергија
- Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија
- Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив
- Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него
- Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони)
- Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата
- Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуoресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност
- Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом
- Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици
- Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила
- Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови
- Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост)
- Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн)
- При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност
- Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти
- Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина
- Во сезона на ладење подесете ја температуратата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени
- Доколку е возможно инсталирајте на колекторски системи за загревање на вода
- Користете на скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија
- Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво
- Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите
- Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи
- Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја).
Препораки за бизнис заедницата
- Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти
- Да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина
- Греење и ладење: во производните објекти, хали и канцеларии во сезона на ладење температурата на климатизерите да се подесува не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени
- Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата со него
- Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици
- Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории
- При градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари да се инсталира топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење па дури и за подготовка на топла вода
- Доколку компанијата има потреба од санитарна топла вода, да се инсталираат сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода
- Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.
- Да се инсталираат интелигентни системи за управување во електромоторните погони
- Да се применуваат нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки
- Да се инсталира систем за управување со енергија во деловниот објект, како и во самиот технолошки процес.
Задолженија за јавните институции (Министерства, Агенции, органи на државна управа) и државни претпријатија
- Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици
- Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина
- Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени
- Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо
- Јавните институции да целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време
- Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици
- Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории
- Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот
- Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија
- доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи
- Се задолжуваат сите институции на централно ниво од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година
- Се задолжуваат јавните институции, Министерствата, Агенциите,државните претпријатија и сите други органи на државна управа на централно ниво, кои повеќе од 90 дена се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, во најкус можен рок да извршат избор на снабдувач со електрична енергија на отворениот пазар.
Однесување на вработените во јавните институции и државните претпријатија
- Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија,
– Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж - Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина
- Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно
- Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата.
Препораки за општините и градот Скопје
- Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици
- Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина
- Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени
- Општините и градот Скопје, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо
- Општините и градот Скопје целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време
- Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици
- Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории
- Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот
- Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија
- Доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи
- Од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година.
Препораки за однесување на вработените во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво
- Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија
- Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж
- Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина
- Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно
- Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата.
Препораки за јавното осветлување во општините и градот Скопје
Општините и градот Скопје да направат распоред, така што на половина од улиците и булеварите го исклучуваат јавното осветлување, наизменично, преку еден ден; или
Препорака за ЈП Патишта
Се препорачува на ЈП Патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава која ги опфаќа државните патишта