Последните фотографии на Доналд Трамп кои се појавија во јавноста покренаа неколку прашања. Поранешниот американски претседател е снимен како ја напушта кулата Трамп на судење за клевета во Њујорк, а поради фотографиите на кои се гледаат црвени дамки на неговите раце, јавноста сега се прашува што не е во ред со него.
Црвени траги беа забележани на палецот, дланката и показалецот на Трамп, а социјалните мрежи беа преполни со прашања. Newsweek побара одговор до персоналот на Трамп, но засега нема објаснување.
„Дали Доналд Трамп има лепра во рана фаза?“, напиша Тим Милер од Булварк на X покрај фотографијата од раката на Трамп.
„Што се случи со раката на Трамп?“, прашува левичарскиот профил на Patriot Takes на истата мрежа.
„Нема завои, само отворени рани. Како Трамп ќе ја „направи Америка голема“ кога не може ни да се грижи за својата рака?“
Докторот Џонатан Рајнер напиша на X: „Поранешниот претседател изгледа има неколку рани на десната рака. Се прашувам дали падна“.
Можни причини
Bussines Insider праша дерматолог што би можело да ги предизвика црвените траги на раката на поранешниот претседател.
Дерматологот д-р Џошуа Цајхнер вели дека причината може да биде речиси се. „Постојат многу фактори кои можат да предизвикаат осип, од инфекција и воспалителни состојби до изложеност на нешто“, објасни тој.
Зајхнер наведе некои од можните причини: Кожата на рацете му е премногу сува, има плускавци од играње голф, истурил сок од лимета на рацете, можеби го каснале инсекти…