Што ќе препорачаат 50 говорници за побрз напредок на земјата?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потребна е интензивна и темелна акција во наредниот период. Напредокот е бавен и недоволен за да ги постигнеме нашите цели и  неопходни се силни и решителни активности, порача на отворањето на 13. Самит „Македонија 2025“, Никица Мојсовска Блажевски, извршна директорка на Македонија 2025.

На повеќето меѓународни рангирања и извештаи, посочи таа, државава заостанува и зад земјите во регионот и зад аспиративните врсници.  Предизвиците за Македонија покрај ниското ниво на економски развој се и големите геополитички промени кои влијаат на малите економии, како и големиот одлив на мозоци.

– Се чини дека нови линии на поделба континуирано се развиваат во земјата. Нискиот животен стандард и нискиот квалитет на живот дополнително ја влошуваат поделбата што доведува до битка за тоа кој ќе го зграби поголемиот дел од јавниот колач – јавни вработувања, тендери, злоупотреба на јавните ресурси итн. Етничката поделба е силна и се чини дека навлегува во секоја суштинска дискусија и јавна дебата. Долгата транзиција и отсуството на значаен напредок ги попречуваат нашите погледи кон реалноста и нашата способност да размислуваме долгорочно. Сегашните геополитички случувања дополнително наметнуваат сложеност и неизвесност на целокупното окружување и на расположивиот простор за реформи. Сето ова како и бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ нешто што е цел на секој еден граѓани во оваа држава повикува на интензивна и темелна акција во наредниот период – рече Мојсовска Блажевски.

Таа се осврна  на изборните резултати на последните парламентарни и претседателски избори кои, како што рече, дадоа силна поддршка за нова политичка опција и нова програма и идеологија.

– Меѓутоа, свесни се дека предизвиците  на патот се многу многу големи – потенцираше извршната директорка на „Македонија 2025“.

Мојсовска Блажевски го повтори повикот на „Македонија 2025“ за здружување на сите на патот до просперитет преку платформата „Една визија за забрзан раст“.

– Фундаментите на оваа визија се: нулта толеранција за корупција, континуиран раст на БДП над 5%, преку зголемени инвестиции во образование, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија, квалитетна и ефикасна јавна администрација и пристапување во Европската унија. Апелираме и ги повикуваме политички партии, бизнис заедницата, академската јавност и сите граѓани да ги здружиме напорите и ресурсите за создавање подобра иднина. Мора да ги мобилизираме сите наши ресурси денес за да ја обликуваме нашата иднина – рече Мојсовска Блажевски.

Таа најави дека „Македонија 2025 ќе ја активира целата своја мрежа и ресурси за да ги поддржи овие принципи кои се фундаментални за забрзан раст.

Во тек на Самитот ќе се одржат 12 панели со над 50 говорници кои ќе говорат пред 500 гости.

- Advertisement -
Ad image

Идејата на основачите на „Македонија 2025“ е се поддржи развојот на Македонија со тоа што земјата до 2025 година би станала развиена земја, членка на евроатлантските интеграции, односно на НАТО и ЕУ.

Организацијата „Македонија 2025“ минатата година спровела 40 програми во кои биле вклучени над 1500 лица, средношколци, студенти, менаџери, компании.  Од основањето на организацијата досега се спроведени програми за поддршка на економскиот развој во вредност од четири милиони долари.

Share This Article