More

    Џенифер Лопез важи за мошне вообразена ѕвезда, се зборува дека не се однесува пристојно кон персоналот на рестораните и хотелите каде што престојува

    spot_img

    Џенифер Лопез важи за мошне вообразена ѕвезда, се зборува дека не се однесува пристојно кон персоналот на рестораните и хотелите каде што престојува. Голема бура крена видеото на кое плука гума за џвакање во раката на асистентката на филмскиот сет, а на Тикток владее тренд кој би можел да се окарактеризира како „покажи го вистинското лице на Џеј Ло“, па луѓето кои ја запознале го откриваат нејзиното вистинско лице.

    Грчка стјуардеса, која на Тикток се претставува под името miss_eirini опишала што се случило во текот на летот Лос Анџелес – Дубаи, каде меѓу патниците била Џенифер Лопез и што се случило по слетувањето поради што ситуацијата кулминирала.

    Џеј Ло во најмала рака, се однесувала необично во авионот.

    – Прашавме што се случува. Ни одговорија: „Таа е чудна, не сака ниту да ја погледнеме, не сака да разговараме со неа, не сака дури ниту да ја прашаме што би јадела или каква било комуникација, комуницираме со нејзината асистентка“ – раскажала на почетокот стјуардесата од Грција.

    Мислела дека тоа е вообичаено на такви летови, па продолжила понатаму. Но, немало крај на проблемите ниту по пристигнувањето во Дубаи по 16-часовниот лет. Џеј Ло не сакала да излезе од авионот и тоа траело час и половина.

    „Кога ги прашавме останатите членови на екипажот која е причината за ова доцнење, тие ни рекоа: „Џенифер Лопез се преслекуваше одново и одново, не се чувствуваше подготвена да се симне. Сето тоа време не проговори ниту збор, а екипажот само ја чекаше, дури не им се ни обрати, се преслекуваше како да е дома, пред сè, тоа не е приватен авион, а второ, да го направеше тоа некој друг патник, ќе повикавме обезбедување и полиција!‘“, пишува „Прототема.гр“.

    Џенифер Лопез, која неодамна присуствуваше на Мет гала 2024 во Њујорк, била груба кон новинарката која, додека се качувала по скалите на музејот Метрополитен, ја прашала чија креација носи.

    – „Скапарели“ – одговорила Џеј Ло со арогантен израз на лицето и само продолжила напред.

    Многумина ја осудуваат, но некои велат дека така се однесувала поради неудобниот фустан на кој му го посветила целото внимание. На Тикток се појавија стотици видеа и пародии од споменатата снимка на Џеј Ло и новинарката, во кои корисниците го осудуваат надменото однесување на Џенифер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img