More

    Русите прават обрач кај Харков, Украинците се повлекуваат

    spot_img

    „Моделот на офанзивната активност на руските сили во оваа област е конзистентен со проценката на институтот ИСВ дека Русите имаат приоритет на создавање „тампон зона“ во меѓународната гранична област наместо подлабоко навлегување во Харковската област“.

    Вака познатиот Институт за проучување на војната од САД ја анализира ситуацијата во Харков во Украина каде се создава паралелен фронт. Си-Ен-Ен пишува дека борбите на новиот фронт се причината што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија.

    Шпанскиот крал Фелипе требаше да го прими Зеленски на 17 мај и да подготви ручек во негова чест. Зеленски требаше да потпише и договор за билатерална безбедносна соработка со шпанскиот премиер Педро Санчез по минатогодишната заедничка изјава на НАТО.

    Посетата на Зеленски требаше да се совпадне со ветувањето на ЕУ за долгорочна безбедносна поддршка за Киев, според нацрт-документот.

     

     

    Началникот на украинската полиција во регионот Харков ја опиша ситуацијата во градот Вовчанск како „исклучително тешка“.

    Олексиј Харкивски, началникот на полицијата во Вовчанск, на Фејсбук објави дека руските сили воспоставуваат позиции во градот, пренесува хрватски Индекс.

    Украинската армија објави дека мора да се повлече од одредени области на северниот фронт во областа Харков, каде Русија на 10 мај започна нова офанзива. Во соопштението на украинскиот Генералштаб објавено синоќа, се наведува дека армијата ги променила позициите во областите кај Лукјанц и Вовчанск.

    „Како одговор на непријателскиот оган и пешадискиот напад, нашите единици се префрлија на поповолни позиции со цел да ги спасат животите на нашите војници и да избегнат жртви“, соопшти Генералштабот на социјалните мрежи.

    Во меѓувреме, руските одбранбени системи пресретнаа и уништија 17 беспилотни летала во неколку погранични региони на Украина, како и десет ракети АТАКМС над полуостровот Крим, пишува Дејли Телеграф.

    „Во текот на ноќта беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади врз цели на територијата на Русија“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

    Во Ростовската област, два дрона оштетија складиште за гориво и предизвикаа експлозии, објави локалниот гувернер Василиј Голубев на Телеграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img