Што е L-theanine – состојката поради која енергетскиот пијалок Prime се повлече од соседните земји?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пијалакот Prime, кој стигна и до нашиот пазар, неодамна беше забранет прво во Словенија, а потоа и во Хрватска. Овој безалкохолен пијалок е забранет поради недозволени супстанци во неговиот состав.

Постојат два пијалаци, „Prime Energy“ и „Prime Hydration“, децата обично го консумираат вториот пијалок за кој преку рекламни пораки се тврди дека е рехидрирачки. Додека Prime Energy содржи високо ниво на кофеин, Prime Hydration, од друга страна, е полна со вештачки засладувачи.

Не се забранети сите пијалоци Prime, Словенија и Хрватска ја забранија кофеинската верзија на енергетскиот пијалок Prime поради состојката L-theanine, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци.

Што е Л-Теанин?
Теанинот е амино киселина која се наоѓа во чајот и некои печурки. Доаѓа во две форми: Л-теанин и Д-теанин. Л-теанинот е најчестата форма, според WebMD.

Теанинот е сличен на глутаматот, природна аминокиселина. Глутаматот помага во преносот на нервните импулси во мозокот. Теанинот понекогаш делува како глутамат во телото, но понекогаш се чини дека ги блокира ефектите на глутаматот. Теанинот може да влијае и на мозочните хемикалии ГАБА, допамин и серотонин.

Теанинот се продава како додаток во исхраната и се смета за безбеден во дози до 250 милиграми и како таков е одобрен од Американската агенција за храна и лекови (ФДА).

Луѓето користат Л-теанин за подобрување на менталната функција. Се користи и за анксиозност, ментални нарушувања, стрес, менструални проблеми и други состојби, но Европската управа за безбедност на храна откри дека нема добри научни докази за поддршка на неговата употреба.

Она што е спорно, кога станува збор за Прима, особено за кофеинската верзија на овој пијалок, е присуството на Л-теанин и неговата комбинација со кофеин.

Можни негативни ефекти од комбинацијата на Л-теанин и кофеин
Несакани ефекти од консумацијата на Л-теанин не се пријавени, консумирањето големи количини зелен чај поради дополнителната содржина на кофеин може да доведе до гадење, стомачни тегоби и раздразливост.

- Advertisement -
Ad image

Л-теанин во комбинација со високо ниво на кофеин, како што се оние содржани во енергетските пијалоци Prime. може да го подобри ефектот на кофеинот, што може да доведе до зголемена раздразливост, несоница и други несакани ефекти поврзани со кофеинот, според Index.hr.

Токму затоа енергетските пијалоци кои ја содржат оваа комбинација секогаш најдобро се консумираат умерено, со свесност за сите потенцијални ризици.

Исто така, треба да се напомене дека енергетските пијалоци, заедно со кофеинот и L-theanine, често содржат високо ниво на шеќер, што може да биде штетно за здравјето доколку се консумира во големи количини.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article