More

    Што е клејд 1б, најопасната варијанта на мајмунски сипаници досега?

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) пред 2 дена прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради новата варијанта на мпокс (мајмунски сипаници) во Африка, додека, пак, во Шведска е забележан првиот потврден случај надвор од Африка на новиот сој на мпокс, клејд 1б.

    Оваа тема за глобалното здравје привлекува големо медиумско внимане.

    Што се мајмунски сипаници и кои се симптомите?

    Мајмунските сипаници се заразна болест предизвикана од вирусот на мајмунските сипаници, од родот ортопоксвирус (Orthopoxvirus). Се појавуваат кај одредени животни, но може да прејдат и на луѓето.

    Болеста главно се појавува во централна и западна Африка. Првпат е откриена во 1958 година кај лабораториски мајмуни. Првите случаи на луѓе се откриени во 1970 година во Демократска Република Конго. Помала епидемија што се случи во Соединетите држави во 2003 година била поврзана со трговијата со домашни миленици, во која се продавале глодари увезени од Гана.

    Симптоми на оваа болест се треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли и чувство на замор. Проследени се со карактеристичен осип, кој создава плускавци и красти на кожата. Времето од изложување на вирусот до појава на симптоми е околу 10 дена, а симптомите обично траат од 2 до 4 недели.

    Мајмунските сипаници може да се пренесат со сечење месо на дивеч, како и со гризнување или гребнување од заразено животно. Исто така, и преку телесните течности, преку заразени предмети или со многу близок контакт со заразено лице, што начелно може да вклучи и сексуален пренос. Се верува дека вирусот нормално циркулира меѓу некои видови африкански глодари.

    Болеста може да изгледа слично како кај варичела. Дијагнозата обично се поставува со тестирање на примерок добиен од меурчињата или крастите на кожата на ДНК вирусот на мајмунските сипаници.

    Како новата варијанта на вирусот се разликува од претходните?

    Во 2022 година, сојот клејд 2 на мпокс почна да се пренесува на глобално ниво – главно како резултат на сексуален однос меѓу геј и бисексуални мажи.

    За разлика од сојот клејд 2, клејд 1 се смета за поопасен, додека, пак, новата варијанта на клејд 1, клејд 1б, е најопасна досега, пишува Скај њуз.

    Повеќето случаи заболени од сојот клејд 2 на вирусот се благи и стапката на смртност е помала од 0,5%.

    Додека, пак, смртната стапка за клејд 1 е значително поголема.

    Новата варијанта на вирусот, клејд 1б, која сега предизвикува загриженост, е варијација на сојот клејд 1. Проценките за опасноста не се егзактни бидејќи само случаите меѓу пациентите кои отишле во болница се проучувани. Сепак, раните проценки сугерираат дека има стапка на смртност од 5% за возрасни и 10% за деца, што е значително поголема од онаа на клјед 2, повеќе од 10 пати.

    – Тоа е несомнено најопасната варијанта досега од сите познати – рече научникот Жан Клод Удахемука од Универзитетот во Руанда.

    Како се шири вирусот

    Преку близок контакт со некој што е заразен, вклучително и со секс, контакт кожа со кожа или во голема близина на заразено лице. Вирусот може да влезе во телото преку оштетена кожа, респираторниот тракт или преку очите, носот или устата. Може да се пренесе и со допирање на предмети контаминирани со вирусот, како постелнина, облека и крпи.

    Блискиот контакт со заразени животни, како мајмуни, стаорци и верверички, е исто така начин на пренос.

    Кој е најмногу изложен на ризик

    Секој што е во близок контакт со лице со симптоми може да се зарази со вирусот, вклучително и здравствените работници и членовите на семејството. Се смета дека сексуалниот контакт меѓу заразените возрасни е една од причините за зголемувањето на случаите.

    Малите деца можеби се меѓу особено ранливите групи бидејќи нивниот имунолошки систем сè уште се развива, а многумина, кои живеат во сиромашни услови, лошо се исхрануваат, што ја отежнува борбата против болестите.

    Секој со ослабен имунолошки систем, исто така, може да биде поподложен на болеста, а постои загриженост дека бремените жени може да бидат изложени на поголем ризик.

    Совет е да избегнувате близок контакт со секој што е заразен и да ги миете рацете со сапун доколку вирусот е присутен во заедницата.

    Оние кои го имаат вирусот треба да се изолираат од другите додека не се исчистат сите лезии. Исто така, кондомите треба да се користат како мерка на претпазливост за време на секс најмалку 12 недели по закрепнувањето.

    Дали има вакцина

    Да, но, неа обично можат да ја добијат само лица во ризик или оние кои биле во близок контакт со заразено лице. Постои вистинска загриженост дека нема доволно средства за вакцините да стигнат до сите на кои им се потребни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img