Унгарија, Словачка и Чешка би поминале најлошо доколку рускиот лидер Владимир Путин реши целосно да го сопре гасот за Европа, анализира Меѓународниот монетарен фонд и додава дека Германија, Австрија и Италија исто така ќе претрпат значителна штета на економијата, пренесува Б92.
Бруто домашниот производ во земјите кои се најзависни од рускиот гас ќе падне и до 6 отсто, се вели во анализата, а тие ќе западнат во рецесија.
ММФ наведува и дека Европа „сѐ уште нема сеопфатен план“ за справување со недостигот на гас, што значи дека цените на енергијата ќе продолжат да растат, а тоа значително ќе влијае на економскиот раст.