Откако на социјалните мрежи кружи веста дека одреден број луѓе ги обвинуваат овогодинешните претставници на Шпанија на Евровизија дека ја „украле“ песната „Бомба“ на Неда Украден, и пејачката се огласи за српски „Телеграф“.
Неда сега откри дали ќе ги тужи претставниците на Шпанија на Евровизија.
– Само што пристигнав од Америка, доаѓам при себе. Го слушнав тоа, не го преслушав внимателно, но ако е вистина, прво тоа ми е комплимент, а второ, ако тоа навистина е плагијат, ќе се договорам со авторот, постои начин тоа да се санкционира – рекла Неда за „Телеграф“, па продолжила:
– Ќе се договорам со авторот Душан Бачиќ, тој е овде во Белград, можеби е слично за неколку тактови или нешто во изразот, но ако е поголема копија, тогаш секако подлежи на санкции за авторски права, па лесно ќе реагираме ако е копија. Но, мислам дека сите се воздржуваат од таа „буквална“ кражба, туку едноставно преземаат некој сегмент кој добро се вклопува во нивната нова претстава. И мислам дека нашата музика генерално се слуша многу повеќе отколку што се претпоставува и во другите европски земји.
Да потсетиме, Шпанија ја претставува групата „Небулоса“, а нивната песна „Zorra“ наводно многу потсетува на „Бомба“ на Неда.
„Извинете Шпанци, но ја имавме Неда Украден уште пред 4 години“, се наведува во едно од објавите на мрежите.
„Пресмешно е“, „Не е дека нема сличности“, „Сега кога Неда им објаснува дека тоа не може така“, „Одиш на Евровизија и те обвинуваат дека си копија, па подобро да не оди“, се дел од коментарите.