More

    Шпанскиот тинејџер Ламин Јамал испиша историја

    spot_img

    Супериорна игра на Шпанија и неочекувано лош старт на Хрватска во првиот натпревар од групата Б на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2024 што се одржува во Германија.

    На дуелот во Берлин, Шпанија ја надигра Хрватска и триумфираше со 3-0 (3-0) во натпревар од првото коло во Групата Б.

    Шпанските фудбалери до победата дојдоа со голови во првото полувреме во кое ги искористија сите грешки во хрватската одбрана.

    Капитенот Мората го отвори резултатот во 29 минута, а само три минути подоцна предноста ја удвои Руиз. Во последната минута од првото полувреме на 3-0 зголеми Карвахал.

    Хрватска во 80 минута не успеа да реализира пенал преку Петковиќ.

    Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, се најде во почетниот состав на Шпанија и со 16 години и 338 денови стана најмладиот фудбалер кој настапил на Европско првенство.

    Воведното коло во групата Б ќе го комплетираат бранителот на титулата Италија и Албанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img