Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде помеѓу четворицата најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен-слемот Вимблдон.
Македонецот попладнево загуби од Шпанецот Педро Роденас (Шпанија) со 2:1.
Во меч што траеше два часа, Ивановски го доби првиот сет со 6:3, вториот го загуби во тај-брејк со 6:7 (5:7), а третиот со 4:6.
Роденас во полуфиналето ќе се сретне со Хрватот Мили Пољичак.