Фелизијано Лопез, директорот на завршниот турнир во Дејвис купот во Малага, но во исто својство во Валенсија на турнирот во групната фаза, е пресреќен што Новак Ѓоковиќ годинава ќе игра за Србија.
Ѓоковиќ во средата допатува во Валенсија каде и се приклучи на српската репрезентација која претходно ја совлада Јужна Кореја, а во петок ги чека дуелите со Шпанија и Чешка.
„Тој ја освои 24. Грен слем титула и веднаш дојде да игра за својата репрезентација. Така се почитува ова натпреварување, Новак е најдобар пример. Многу сме благодарни што дојде, но исто така е важно луѓето да видат што значи Дејвис купот за играчите и за светот на тенисот. Тоа што дојде некој како Новак кажува многу за тоа како тој го држи зборот, но и истакнува дека ова натпреварување предизвикува неверојатни емоции кои и тој сака повторно да ги доживее“, изјави Лопез.
Шпанија може да биде елиминирана веќе во петок, бидејќи во првото коло беше поразена од Чешка.
„Србија е фаворит, на Шпанија нема да и биде лесно. Многу играчи недостасуваат. Тоа е тешка група, но ќе се бориме до крај. Шпанија не победуваше секогаш, но и никогаш не се откажа“.
Репрезентацијата на БиХ подготвена за настап на Дејвис купот: „Се надеваме на победа!
Ѓоковиќ е единствениот тенисер од најдобрите десет во светот кој оваа недела настапува во Дејвис купот.
„Ниту еден формат не гарантира дека ќе играат сите од врвот. Такво е долгогодишното искуство на Дејвис купот. Едноставно, турнирскиот календар е многу напорен, тенисерите имаат свои обврски и не можеме да се жалиме на нив“, објасни Лопез.