More

    Шон Диди Комбс уапсен во Њујорк за трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација

    spot_img

    Хип-хоп магнатот Шон „Диди“ Комбс е уапсен во Њујорк под „неодредени сојузни обвиненија“, изјавија федералните власти за американскиот партнер на Би-би-си.

    Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами во март. Лице блиско до обвинителството рекло за „Њујорк тајмс“ дека веруваат дека познатиот американски рапер е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.

    Адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, рече дека се „разочарани“ од апсењето и дека неговиот клиент е „невин човек“. Музичарот се соочи со голем број обвинувања – од сексуален напад до малтретирање – вклучително и обвинувања од неговата поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура. Тој ги негираше сите обвинувања.

    Како што пишува Би-би-си, апсењето е извршено како дел од тековната истрага на претставници на американската внатрешна безбедност.

    Американскиот обвинител за јужниот округ на Њујорк Демијан Вилијамс го потврди апсењето во изјава вчера вечерта.

    „Претходно оваа вечер федералните агенти го уапсија Шон Комбс врз основа на запечатено обвинение поднесено од SDNY“, рече обвинителот.

    Тој рече дека канцеларијата планира да го отпечати обвинението утринава и „тогаш ќе има уште да каже“.

    Комбс се соочува со бројни тужби, вклучително и наводи дека силувал малолетна девојка и се обидел да го принуди продуцентот да има секс со друг маж. Неговиот адвокат рече дека Комбс со нетрпение очекува „да ја докаже својата невиност на суд“.

    „Ние сме разочарани од покренувањето на ова неправедно гонење“, рече Агнифило во писмената изјава за Би-би-си.

    Комбс – кој е познат и по имињата Пафи, Паф Деди, Пи Диди, Лав и Брадр Лав – е еден од најуспешните американски рапери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img