Европскиот суд на ревизори (ЕЦА) објави неверојатна статистика за емисиите на штетни гасови од новите возила. Новите бројки покажуваат дека патничките возила на патиштата во ЕУ испуштаат исто количество CO2 како и пред 12 години. Со други зборови, емисиите во реалниот свет не се намалени повеќе од една деценија и покрај напредокот во технологијата, намалувањето на моторите и зголемената популарност на електричните возила.
Пјетро Русо од ECA рече дека возилата што загадуваат на европските патишта треба да се намалат со цел ЕУ навистина да стане лидер во еколошкиот автомобилизам. „Реално и опипливо намалување на емисиите на CO2 од автомобилите нема да се случи се додека преовладуваат моторите со внатрешно согорување, но во исто време електрификацијата на возниот парк на ЕУ е огромен потфат“, рече тој.
Електричните возила играат значајна улога во постигнувањето на целта на ЕУ за флота со нула емисии, додава ECA и тврди дека производителите на автомобили треба да „засилат“ и да понудат повеќе електрични возила, пренесува CarBuzz.
Колку загадуваат автомобилите?
Емисиите од автомобилите со конвенционален погон сè уште претставуваат речиси 75% од продажбата на нови возила во Европа. Загадувањето од автомобилите со дизел мотори остана константно, но намалено е за 4,6% кај возилата со бензински мотори. Зошто се случи ова