More

    Шокантна исповед на терорист на Хамас

    spot_img

    Џамал ​​Хусеин Ахмад Ради (47) и неговиот син Абдалах (18) беа заробени од израелските сили во Газа и испрашувани за злосторствата што ги извршиле во кибуц во близина на границата.

    Во видео снимката од нивното признание, Абдалах шокантно опишува како убивале невини цивили во нивните домови, киднапирале други и брутално ги силувале жените што ги нашле, а потоа ги убиле откако ги завршиле нивните злосторства.

    Детали за ужасното сексуално насилство се појавија на виделина по нападот на Хамас на 7 октомври кој остави повеќе од 1.200 мртви и предизвика жестока одмазда од страна на израелските сили во Газа.

    На видеото се гледа како мажите – облечени во сиви тренерки и со лисици – седат пред израелско знаме додека ги испрашува припадник на безбедносната служба Шин Бет на тајна локација.

    Таткото на седум деца, Ради, член на Хамас кој беше уапсен во март во Газа, опишува како тој, неговиот син и други терористи упаднале во Кибуц Нир Оз.

    Без видливи знаци на каење, тој рече:

    – Во секоја куќа во која најдовме некого, или го убивме или го киднапиравме – вели тој без знаци на каење за извршените злосторства.

    Притиснат понатаму, тој додаде: „

    – Во првата куќа најдов жена и нејзиниот сопруг, пукавме во нив и ги убивме… тие беа во доцните четириесетти.

    Терористот од Хамс потоа признал дека силувал жена.

    -Викаше, плачеше, јас го направив тоа што го направив, ја силував. Ѝ се заканував со пиштол да се соблече, се сеќавам дека носеше кратки фармерки, тоа е се. Не знам што се случи со неа, бев таму петнаесет минути и потоа заминав – вели тој пред израелските истражители.

    Но, неговиот син Абдалах на истражителите им рекол дека неговиот татко ја убил жената, откривајќи шокантни детали за повеќекратното ислување и за изживувањето врз жртвата.

    – Мојот татко ја силуваше, потоа јас, а потоа и наш роднина. Потоа заминавме, но татко ми ја уби жената откако ја силувавме – вели тој во своето сведоштво.

    Хамасовецот призна дека во нападот силувале и други жени.

    – Пред оваа жена силувавме и друга девојка, убив две лица, силував две лица и упаднав во пет куќи – признава 18-годишниот припадник на Хамас.

    Застрашувачките признанија доаѓаат два месеци откако Прамила Патен, специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за сексуално насилство во конфликтите, објави извештај за сексуалното насилство за време на нападот на 7 октомври.

    Таа интервјуираше неколку жртви.

    – Она што го видов во Израел беа сцени на непојмливо насилство извршено со шокантна бруталност – изјави Патен.

    За време на едномесечната посета претходно оваа година, таа разговараше со 34 преживеани и посети четири кибуци, како и мртовечници каде што се чуваа телата на жртвите.

    – Тоа беше каталог на најекстремните и нехумани форми на убиства, мачење и други ужаси – вели специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН.

    Жените кои присуствуваа на музичкиот фестивал Нова беа исто така цел на сексуално насилство за време на нападот на 7 октомври.

    – Во текот на изминатите месеци видовме безброј докази за бруталното насилство што го употреби Хамас на 7 октомври, вклучувајќи ужасни чинови на родова основа и сексуално насилство. Овие признанија дополнително докажуваат дека секој обид да се негираат ужасите од 7 октомври и да се дискредитираат сведочењата на сведоците, преживеаните и ослободените заложници е дел од кампањата за делегитимирање на Израел и промовирање на оправдувањето на тероризмот – изјави портпаролот на израелските одбранбени сили за Дејли Меил коментирајќи го видеото со признанијата за страшните злосторства

    Портпаролот додаде дека таткото и синот се во притвор и чекаат судење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img