More

    Шок одлука во НБА лигата, тренерот го имаше вториот најдобар скор во лигата и доби отказ

    spot_img

    Милвоки Бакс го отпушти тренерот Адријан Грифин во вторникот вечерта по само 43 натпревари, објавија американските медиуми.

    Грифин дојде на клупата на Милвоки на почетокот на сезоната, а одлуката ќе изненади многумина бидејќи Бакс се еден од најдобрите тимови во НБА.

    „Ова беше тешка одлука. Веќе работиме на ангажман на нов тренер. Му благодариме на тренерот Грифин за неговата напорна работа и придонеси за тимот“, изјави генералниот директор на Бакс, Џон Хорст.

    Џо Пранти, кој беше асистент во стручниот штаб на Грифин, првично ќе застане на местото на Грифин како привремен тренер додека се бара потрајно решение.

    Американските медиуми пишуваат дека Док Риверс, кој минатата сезона ја водеше Филаделфија 76ерс е на врвот, или барем блиску до врвот на листата на желби.

    Милвоки моментално има скор 30-13 и е втор на Истокот. Ист скор има и првопласираната Минесота на Западот, а пред нив е само Бостон со речиси 34 победи и 10 порази.

    Како причина за отказот на тренерот, американските медиуми го наведуваат падот на дефанзивните перформанси на Милвоки, а се споменува и дека Јанис Антетокунмпо ја загубил довербата во својот тренер.

    Бакс моментално се наоѓа на 22-то место во НБА во одбранбениот рејтинг, што е пад од четвртото место пред една година.

    Грифин седна на клупата на Милвоки минатото лето кога го замени Мајк Буденхолцер, а откако Бакс беа елиминирани во првото коло од плејофот од Мајами. Треба да се напомене и дека тогаш се повреди и Џанис Антеткоунмпо, а на Милвоки му беше одземено најдоброто издание на првата ѕвезда.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img