More

    Медведев по уште еден маратон во полуфиналето на Австралија Опен

    spot_img

    Рускиот тенисер Даниил Медведев се пласираше во полуфиналето на Австралија опен откако по четири часа и три минути игра го совлада Хуберт Хуркач со 3:2 во сетови.

    Медведев им подари на гледачите уште еден вистински маратон, а резултатот во сетови беше 7:6, 2:6, 6:3, 5:7, 6:4.

    Двајцата тенисери направија брејк во првиот сет и се играше тај-брејк кој Медведев го доби со 7-4. Во вториот сет Хуркач два пати го брејше сервисот на противникот и израмни.

    Медведев возврати во третиот сет, кој го доби благодарение на брејкот во вториот гем и повторно поведе. Во првиот гем од четвртиот сет Медведев направи брејк и поведе, а во осмиот гем Хуркач врати за 4-4.

    Потоа тенисерите добиваа гемови на свои сервиси до 12. кога полскиот тенисер направи нов брејк и го освои петтиот сет.

    Фудбалерите беа сигурни во сервис гемовите до седмиот, кога Медведев му го одзеде сервисот на Хуркач и поведе со 4-3. Предноста ја задржа до крајот и по втората меч топка се пласираше во полуфиналето.

    Медведев во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Александар Зверев – Карлос Алкараз.

    Понатаму пласираше и Јастремска
    Јастремска (ВТА-93) ја продолжи серијата од соништата на Австралија опен и стана првата квалификантка која стигнала до полуфинале во 45 години на Грен слем, откако ја елиминираше светската тенисерка број 50 Линда Носкова од Чешка со 6-3, 6-4 по 78 минути игра.

    REUTERS/Трејси Неарми
    Јастремска, на која ова и е прво полуфинале на Грен слем турнир во кариерата, три пати и го одзеде сервисот на Носкова, која направи еден брејк.

    Украинката во полуфиналето ќе игра против победничката од мечот меѓу Кинеската Квинвен Женг и Русинката Ана Калинскаја. Во вториот полуфинален натпревар бранителот на титулата од Белорусија Арина Сабаљенко ќе игра против Американката Коко Гауф.

    На патот до полуфиналето, Јастремска ја елиминира поранешната победничка на Австралија опен, Викторија Азаренка и актуелната победничка на Вимблдон, Маркета Вондроусова од Чешка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img