Шест лица се ранети во пукотница во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шест лица се ранети во пукотница во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка, соопшти денеска полицијата.

– Жената беше застрелана во стомакот, додека, пак, напаѓачот, кој ја држеше како штит, не е повреден – изјави началникот на њујоршката полиција, Џон Чел.

Нема информации за состојбата на повредените, а Чел го опиша инцидентот како „дрзок и кукавички напад врз невините њујорчани“.

Полицијата верува дека двајца вооружени напаѓачи целеле група луѓе кои стоеле пред продавница во Бронкс. Чел рече дека имаат видео на кое се гледаат напаѓачите, кои отвориле оган околу 17 часот, како трчаат кон продавницата. Откако налетале на жената и на девојката на шалтерот, еден од нив ја зграпчил жената и ја свртел кон линијата на огнот, рече началникот.

Полицијата соопшти дека сите повредени, освен 40-годишната мајка, биле застрелани во рацете или нозете. Покрај мајката и ќерката, меѓу повредените има и четири момчиња на возраст од 18 до 21 година.

Истрагата е во тек, но полицијата се уште не уапсила никого, ниту го утврдила мотивот за нападот.

Share This Article