Шерпасот Ками Рита по 29 пат се искачи на највисоката планина, а Британецот Кул по 19 пат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Овој викенд, на Монт Еверест беа забележани две рекордни искачувања. Од нив, едното му припаѓа на шерпасот Ками Рита Шерпа (54), кој по 29-ти пат во животот се искачи на највисоката планина на светот. Британскиот планинарски водич Кентон Кул, пак, како рекордер од странска земја, тоа го направи по 19-ти пат.

Шерпасот, всушност, само го подобри својот рекорд и постави нов праг. Тој се искачи на врвот висок 8.849 метри вчера во 7:30 часот по локално време. Ками е водич повеќе од 20 години, а на врвот на Хималаите првпат стигнал во 1994 година. Оттогаш речиси секоја година го повторува истиот успех.

Ками повеќепати во минатото изјавуваше дека неговите искачувања биле само работа, но минатата година ја заврши патеката двапати за да ја врати рекордната титула од долгогодишниот соперник – Пасанг Дава Шерпа.

Меѓу жените, Лакпа Шерпа е планинарката со најмногу искачувања на Еверест. Во 2022 година, таа се искачи на највисоката планина по рекорден 10-ти пат.

Сезоната на искачување на Монт Еверест штотуку почна. Непалската влада издаде околу 400 дозволи за искачување на Еверест за овогодишната пролетна сезона што трае од април до јуни. Речиси сите планинари се придружувани од локален водич, па се очекува да се искачат вкупно околу 800 луѓе. Тоа лани го направија повеќе од 600 луѓе, но тоа беше и една од најсмртоносните години воопшто, бидејќи на планината загинаа 18 луѓе.

Share This Article