Славната холивудска актерка Шерон Стоун откри дека неодамна изгубила половина од заработеното во својата кариера поради колапсот на двете американски банки „Сигнатур“ и „Силвергејт капитал“.
Стоун (65) изјави дека сепак планира да донира пари во Центарот за рак на дојка.
– Знам што се случува. Изгубив половина од парите поради финансиските проблеми на банките. Мојот брат почина неодамна, но тоа не значи дека нема да се појавам овде. Ова се тешки времиња за светот, за сите нас – рече Шерон Стоун на хуманитарна забава во Беверли Хилс.