Српската пејачка Марија Шерифовиќ на своите фанови од социјалните мрежи со задоволство им одгоовара на прашањата кои ѝ ги поставуваат за нејзиниот син Марио. Таа вели дека е многу благодарна што нејзиниот наследник многу спие и не е бебе кое многу бара.
– Синоќа спиеше 10 часа. Мојот мал господин, цар. Убаво е да се биде мајка. Тоа е мешавина од емоции. Тоа е уште една постојана грижа, да не му недостасува влакно од главата. Кога ќе дојдам мртва уморна од концерт и ќе го погледнам, добивам велесила – изјави Марија на самиот почеток во нејзиниот клип на Јутјуб.
Таа со своите фанови го сподели и мислењето за грижатата која родилката треба да ја добива и од семејството, и од општеството. затоа што, како што вели, тоа е период кога ви доаѓа за момент да ја удирате главата во ѕид, потоа следниот момент да се смеете, па да плачете.
– Секоја мајка, која дошла кај своето дете на кој било начин, било да е тоа преку породување, сурогат мајка, посвојување, што и да е, треба да има платено породилно отсуство од три години. Треба да имаат тројни плати, бесплатни ваучери за сѐ на овој свет што постои. Од такси, од продавници, од сѐ. Да се запрашам нешто и да сум влада, тоа би било првото нешто што би го направила. Особено за новите мајки, кои немаат никаква помош, можам да замислам колку е тешко – вели Марија.
Пејачката и откри на каква музика најмногу реагира бебето.
– Марио фантастично реагира на музика. Скоро имаше тажна музика на Јутјуб и тој се растажи и веднаш потоа му пуштив оро. Но, за нивниот нервен систем треба да има лесни мелодии, има некои инструкции за тоа, но тој сака да слуша брза музика, не сака бавно темпо – истакна таа.