More

    „Ја зграпчил и ги ставил рацете под фустанот на Бјанка“

    spot_img

    Претставниците на раперот Канје Вест наведоа дека маж физички и сексуално ја нападнал неговата сопруга Бјанка Ценсори во инцидент во Лос Анџелес. Извори претходно рекле за американскиот портал ТМЗ дека Вест е под истрага како осомничен за физички напад на почетокот на оваа недела, откако раперот наводно удрил човек кој ја зграпчил Бјанка Ценсори.

    – „Ја зграпчи“ е крајно несоодветен опис на она што се случило. Бјанка била физички нападната. Напаѓачот не само што се судрил со неа. Тој ги ставил рацете под нејзиниот фустан, директно на нејзиното тело, ја фатил за половината, ја вртел околу себе, а потоа и праќал бакнежи, таа беше физички и сексуално малтретирана – рекол тимот на Канје Вест во изјавата.

    Полицијата во Лос Анџелес го истражуваше Канје Вест и претходно. Имено, во 2022 година, раперот беше под истрага за напад на лице за кое тврдеше дека го исмева.

    – Тој едноставно имаше став, како „Што ќе направиш? Само да ти кажам дека сината маска за ковид нема да го спречи овој нокаут – рекол Вест, кој не беше ниту уапсен ниту обвинет за инцидентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img