„Знаеш дека те сакам. Ти си најдобар играч во лигата. Сакам да ти честитам. Но, сакам прво да го слушнеш тоа од мене. Мислев дека ШГА (Шеј Гилџус-Александер) требаше да биде МВП, тоа не е непочитување кон тебе“.
Вака едниот од најдобрите кошаркари во историјата, Шекил О’Нил му рече на Никола Јокиќ од Денве Нагетс откако српскиот ас по трет пат ја освои титулата МВП – најкорисен играч во НБА.
Откако се крена лавина од коментари на социјалните мрежи О’Нил се јави за да ја „испегла“ својата оценка:
„Само да им кажам нешто на сите луѓе кои не се доволно паметни да сфатат што кажав. Никогаш не реков дека не ми се допаѓа Џокерот, никогаш не кажав ништо лошо за Џокерот. Џокерот е најдобриот „голем човек“ во последно време. Само кажав дека јас мислев оти Шеј Гиљус-Александер ќе ја освои наградата МВП. Луѓето некако ја извртеа изјавата. Затоа му кажав дека ми е брат и дека го сакам. Само мислев дека некој друг ќе го добие. Тоа го прават вистинските луѓе. Рекоа дека не го сакам. Го сакам Џокерот, но Шеј имаше посебна година. Само сакав да разјаснам се за оние луѓе кои не се доволно паметни“.