More

    Тајванска манекенка се шокирала кога засвирел детекторот на аеродром

    spot_img

    Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродром, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели, пренесува Њујорк пост.

    Самопрогласениот „фанатик за пластична хирургија“, 36-годишната Фанг Киуан, има направено повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милиони прегледи. Таа потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи и 2 операции на челото, 5 на очните капаци, исто толку на носот, а и 2 операции на брадата.

    Неодамна поминала низ читач на аеродром, кога машината „засвирела“. Не ѝ било јасно што се случува, додека не било утврдено дека има неколку „туѓи предмети“ во главата.

    Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред 8 години. Но, тоа не било се.

    – На видеото се гледаат и завртките во носот – рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду кукла“.

    Нејзините обожаватели останаа шокирани од фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

    „Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.

    Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img