More

    Шефот на британската служба: Руските војници одбиле наредби, го собориле сопствениот авион

    spot_img

    Шефот на британската разузнавачка служба GCHQ во средата изјави дека најновите информации покажуваат дека некои руски војници во Украина одбиле да ја извршат наредбата, а меѓу другото, случајно собориле руски авион.

    Водачот на GCHQ Џереми Флеминг рече дека рускиот претседател Владимир Путин многу погрешно ги проценил можностите на некогаш моќните вооружени сили на Русија, истовремено потценувајќи ја подготвеноста на украинскиот народ да се спротивстави, како и решеноста на Западот да ја казни Москва со координирани санкции.

    „Путин погрешно ја процени ситуацијата. Веруваме дека советниците се плашат да му ја кажат вистината “, рече Флеминг во говорот во Канбера на Австралискиот национален универзитет.

    Цитирајќи нови разузнавачки информации, Флеминг рече дека има докази за низок морал и лоша опрема на руските војници. „Видовме руски војници, без оружје и морал, како одбиваат да извршуваат наредби, ја саботираат сопствената опрема, па дури и случајно соборуваат сопствен авион“, рече Флеминг.

    Ројтерс вели дека во моментов не може да добие независна потврда за оваа анализа.

    Кога станува збор за санкциите на Западот и тврдењата на Русија дека ќе се сврти кон исток и ќе изгради партнерство со Кина, Флеминг оцени дека постојат ризици од премногу близок сојуз и за двете, а повеќе за Кина. „Русија разбира дека Кина на долг рок ќе стане посилна воено и економски. „Некои од нивните интереси се во конфликт, Русија може да биде исфрлена од равенката“, рече Флеминг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img