Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен кон крајот на месецот треба да допатува во официјална посета на Скопје. Посетата на Фон дер Лајен е во контекст на уставните измени и на заедничкиот прогрес на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ.
Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски при посета на компанијата „Вивакс“, а го потврди и евроамбасадорот Гир.
– Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија до крајот на месецов, а претседателот Макрон неколку пати изрази желба, и тоа јавна, за тоа во некоја прилика да ја посети земјава – рече Ковачевски.